Најмалку 28 лица загинаа, а 274 се водат како исчезнати по сударот на товарен брод и ферибот кој потоа потона на километар од островот Кебу, во централниот дел на Филипините, соопштија властите.
На фериботот „Тома Аквински“ се наоѓале 870 патници.
Претставникот на крајбрежната стража Луис Тусон изјави дека 582 лица се спасени.
Во спасувачките акции учествувал и екипажот на товарниот брод со кој се судрил и десетина рибарски бродови кои допловиле до местото на несреќата.
Крајбрежната стража ги разгледува причините за несреќата.