Мајмунските сипанци наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела објави дека работи со „партнери и експерти од целиот свет за да го преименува вирусот на мајмунска сипаница и неговите соеви“.
Овие соеви се особено контроверзни бидејќи се именувани по африканските региони.
Минатата година СЗО одлучи да ги именува сите варијанти на Ковид по буквите од грчката азбука за да не ги стигматизира местата каде што првпат се појавија.
Само неколку дена пред СЗО да објави дека ќе го промени името на мајмуните сипаници, група научници во јавно писмо повикаа на „итна потреба да се воведе недискриминаторска и нестигматизирачка номенклатура“ на вирусот.
Писмото, кое исто така беше потпишано од неколку африкански научници, привлекува особено внимание на „западноафриканските“ и „централноафриканските“ соеви на вирусот мајмунски сипаници.
Оваа година се пријавени повеќе од 2.100 инфекции со мајмунски сипаници, од кои 84 отсто се во Европа, 12 отсто во Северна и Јужна Америка и само три отсто во Африка.