Украина ќе ги врати градовите што ги загуби, вклучително и Северодонецк“, рече Володимир Зеленски во своето последно обраќање. Тој додаде дека Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа.
Тој ги опиша нападите како „циничен обид да се скрши духот на украинскиот народ“. Зеленски повторно побара повеќе оружје од Западот, велејќи дека немилосрдните ракетни напади потврдија дека санкциите против Русија не се доволни за да и се помогне на Украина.
Северодонецк, на истокот на земјата, падна во рацете на руските сили по неколкунеделни жестоки борби.