Францускиот предлог е голем напредок во наша корист според партијата на Љубчо Георгиевски

Од:

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Северна Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија.

„Со рамковната позиција, да се потсетиме, Северна Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“, пишуваат од партијата на Љубчо Гергиевски.

Според тоа, ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа партијата го позравува преговарачкот тим на Република Северна Македонија.

ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции, но исто така повикува да не се испушти шансата.

„Посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог се уште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија“, велат од ВМРО-Народна.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија