Во најновиот бран насилства во Авганистан загинаа 15 лица, девет градежни работници, полицаец и пет членови на едно семејство, соопштија авганистански цивили.
Во нападот на бунтовниците врз градежен камп во областа Карук во западната провинција Херат, убиени се девет работници и полицаец.
Бунтовниците често за мета имаат градежни проекти кои се финансирани од странство.
Во експлозија на бомба поставена покрај пат во дистриктот Марџах во јужната провинција Хелманд загинаа пет членови на едно семејство, вклучувајќи три деца. Тие загинале кога нивното возило нагазило на експлозивна направа.
Според податоци на ОН, во првите шест месеци од годинава насилството е зголемено за 23 отсто во споредба со истиот период лани.