Армијата на Република Македонија од денеска се „подновува“ со нова химна и нова униформа на баталјонот за почести.
На јавната промоција , на плоштадот „Македонија“ во Скопје во 19 часот ќе присуствуваат Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини и командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Методија Величковски.
Церемонијата ќе се случи за време на промена на државното знаме на јарболот на плоштадот.
Колоната на АРМ составена од припадниците на баталјонот за Почести и оркестарот на АРМ ќе се движи од пред Собранието на Република Македонија, преку порта „Македонија“ до плоштад „Македонија“.