Бугарскиот премиер Кирил Петков ја повика Македонија да ја искористи можноста, откако бугарскиот Парламентот даде зелено светло на „францускиот предлог“ за интеграција на Македонија во ЕУ.
Тој во интервју за бриселскиот портал „Политико“ го повика македонскиот премиер Димитар Ковачевски, да биде храбар и да го прифати компромисот, што го предлага француското Претседателство со ЕУ, со кој ќе ја отвори вратата за Скопје да започне формални преговори за членство во ЕУ.
„Како политичар треба да се одлучи, која е мојата цел на ова место? Дали мојата цел е да бидам стабилен? Или мојата цел е да ја водам нацијата, да направам чекор напред? Не е удобно да се оди во таа насока. И мислам дека таква одлука сега треба да направи Димитар Ковачевски. Да бев на негово место немаше да размислувам двапати. Ако може да влезе во историјата со отворање на вратата за Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро достигнување за еден премиер. Но, потребна е храброст“, вели Петков за „Политико“.