Српските медиуми со критики по самитот ЕУ-Западен Балкан

Од:

По вчерашниот Самит на ЕУ-Западен Балкан и заедничката прес конференција на лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во Белград бројни се реакциите од неуспехот на носењето на било каква одлука на ЕУ за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Анализирајќи ги вчерашните настани и изјави од Брисел, медиумите и аналитичарите едногласно одат со констатации кои се гледаат од самите наслови, како што Б-92 оценува дека „Нас очигледно не не сакаат во ЕУ“, Блиц „ЕУ сака зедница на богати земји“, и РТС „Ништо не добивме од Брисел, ништо и не ни беше понудено“ или Курир-„Вчера се случија некои чудни работи“.

Од аналитичарите во медиумите, Данас го цитира правникот Милан Антонијевиќ, кој кажа дека би „било подобро за целиот регион да почнаа пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, односно да добиеа датум за почеток на преговорите, направено е многу, направени се храбри чекори кога се гледа внатрешната јавност во тие земји, но, на крајот, таква одлука немаше“. Тој за ТВ Н1 оцени дека изјавата на претседателот Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски, била во духот на нивната заедничка одлука да заминат до Брисел.

Со слична констатација е и претседателката на Центарот за надворешна политика Сузана Грубјешиќ, која за РТС оцени дека „Србија останала без отворени нови кластери, а Северна Македонија и Албанија не ни започнале преговори“, изразувајќи надеж оти на крајот на годината регионот може да очекува забрзување, кое, како што додаде, ќе биде единствената фер работа после сите овие години.“

Таа оцени дека е добро што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски заедно настапиле во Брисел.

-Уште подобро ќе беше целиот регион да зборуваше со еден глас, таквиот пристап би имал повеќе ефекти, но многу е добро што Србија, Албанија и Северна Македонија дејствуваа заедно, изразија ставови и незадоволство од развојот и резултатите од самитот во Брисел, рече Грубјешиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада