Интернет Експлорер стана полнолетен

Од:

На 16 август, Интернет Експлорер стана полнолетен, а денес меѓу интернет зависностите, одамна не е основниот пребарувач.

Тој денес служи за да се симне Хром или Мозила кога сте купиле нов компјутер или сте го реинсталирале стариот.

Но без Експлорерот, сурфањето на интернет ќе беше многу поразлично денес. Добро, можеби немаше да биде поразлично, но мора да му се оддаде признание за револуционерната работа која ја направи.

Првата верзија, Експлорер 1.0 беше исфрлена во јавноста далечниот 16 август 1994 година, од страна на Томас Рердон. До денес, Експлорерот стигна до својата 11.0 верзија, но сепак, лошата репутација која ја доби во минатото, тешко ја надраснува, барем на овие простори. Можеби треба да помине пубертетот, па тој да се врати на старата слава.

Но, за такво нешто, инженерите задолжени за Експлорерот ќе мора бајаги да се потрудат. Во моментов само нешто повеќ од 11 проценти во светот го користат, а убедливо прв на листата најпопуларни пребарувачи е Хром на Гугл, кого го користат повеќе од половина. Мозилата е на скромни 29 проценти и во опаѓање.

Би рекле дека пубертетскиот Експлорер е вистински гик на кого никој не му обраќа внимание, но тој ќе се врати во голем стил, исто како во холивудските филмови. Или тоа или ќе исчезне комплетно.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска