Шолц: За обнова на Украина потребен е „Маршалов план“

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека на Украина ќе и треба огромна финансиска помош за обнова по уништувањето предизвикано од руската инвазија.

Тој обраќајќи се пред германските пратеници нагласи дека реконструкцијата на Украина ќе биде „задача за генерации“.

Шолц истакна дека го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на Самитот на Г-7, за да се „согласи за тоа како би изгледал таков Маршалов план за Украина“.

Според германскиот канцелар, Украина и Русија се далеку од завршување на војната преку преговори, а рускиот претседател Владимир Путин сè уште погрешно верува дека може да ги диктира условите за мир.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он