(ВИДЕО) Томовски: Дали причината за молкот на Владата за францускиот предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено?

Од:

„Според нашите информации предлогот од Париз е одобрен од каналите за комуникација помеѓу Македонското МНР и Француската Република. Владата на Македонија се согласила со последниот катастрофален предлог за Македонија. Дали причината за молкот на Владата за овој предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено? Јавно нека кажат кој е нивниот став“, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали се свесни дека доколку го имаат прифатено предлогот кој ги содржи сите бугарски барања, прават ново национално предаство. Јавно нека каже, дали Ковачевски се согласил со бугаризација на Македонија?

Предлогот кој ги вклучува сите Бугарски барања во рамката за преговори за влез во ЕУ е со амин на македонските власти. Со предлогот се условува влез на Македонија во ЕУ со бугаризација која ќе се спроведува етапно, а сето тоа ќе биде надгледувано од Комисија. Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека го отфрла овој предлог и нема да поддржи никакво решение кое е на штета на Македонските интереси.

Ајде на избори, па народот да одлучи за францускиот предлог и за тоа како понатаму со државата“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ