ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност при упис во средните школи

Од:

„Катастрофалното менаџирање на процесите во образованието од страна на владата се нов доказ зошто е премногу. Системот за електронско пријавување падна пред да почне аплицирањето. Потоа функционираше од време на време, па многумина успеајa да поднесат електронска апликација после многу часови поминати во обидување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата и Министерството за образование и наука помпезно најавуваа значително олеснување на уписот во средното училиште по електронски пат и како што велеа, поголема транспарентност и елиминирање на влијанието на човечкиот фактор во рамки на истиот.

За жал, со нив се случи уште една катастрофа. СДСМ остави цела една генерација деветоодделенци во неизвесност и револтирани родители.

Децата не знаат дали се примени во училиштата каде што аплицирале, а веќе денес треба да започне новото пријавување.

СДСМ се неспособни во секој поглед, а нивната неспособност ја плаќаат децата и родителите. За пет години се сменија четири министри но неспособноста остана.

Ова е премногу! Време е за избори и време е за промени!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ