(ВИДЕО) Мицкоски објави снимка од протестот: Благодарам Македонијо!

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.

„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени!“, напиша Мицкоски.

Првиот човек на опозициската партија на собирот најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото.

Порача дека големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики.

Во врска со спорот со Бугарија, Мицкоски рече дека додека е претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за да бидат бугарските барања дел од него и побара Бугарија да се извини за фашистичкото минато.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ