БМВ објави официјални фотографии од новиот концепт на спортско купе возило М4, наследник на познатиот М3, што премиерно ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Детроит идната година.
Новото БМВ М4 Купе се очекува да биде полесно, помоќно, поагилно и побрзо од М3 купе. Се очекува од 0 до 100 километри на час да забрзува за 4,2 секунди, додека максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 километри на час.
Под хаубата ќе се најде твин-турбо шестцилиндарски 3,0 литарски мотор со 450 коњски сили, што е за 30 коњски сили повеќе од В8 моторот во М3 кипе Е92.
Предвиден е агресивен аеродинамичен боди кит, што подразбира хауба и покрив од карбонски влакна, М фелни од 20 инчи, модифицирана суспензија, посилни сопирачки, спортски издув и внатрешност со спортски детали.