Тепачката кој да ја собере славата а и потенцијално огромните провизии од изградбата на нов клинички центар во Скопје трае веќе 13 години.
Ривалството веќе не е ниту само меѓу партиите туку и меѓу секој нов министер за здравство. Кој како доаѓа го стопира проектот на неговиот претходник, и најавува нов проект.
Се трошат пари за физибилити студии, а и самата цена за изградба расте – сега стасавме до 500 милиони. Во Србија за 400 милиони изградија 4 модерни клинички центри, кај нас за тие пари само еден, а и од него ниту трага се уште. Гледајте во анализата на „Скен“.