Токискиот аеродром Ханеда го задржа и ова лето водечкото место меѓу најголемите светски аеродроми, кога станува збор за полетување на авионите на време.
Со истражувањето спроведено во периодот меѓу март и јули оваа година се опфатени 35 светски аеродроми.
Деведесет и еден отсто од домашните и интернационалните летови од Ханеда полетале на време, објави американскиот сајт FlightStats.com.
Во јулскиот мониторинг на дното на листата се најде аеродромот во Пекинг, со се на се 17,8 отсто точни полетувања. Пекиншкиот аеродром минатата година заврши, како втор аеродром во светот, според бројот на патниците – 81,9 милиони.
Низ јапонскиот аеродром Ханеда минатата година поминале 66,8 милиони патници, со што стигна на четвртото место во светот.
Според податоците на јапонското Министерство за сообраќај од сите четири писти на овој аеродром, секои две минути во просек полетува по еден авион.