ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка е чекор за бугаризација

Од:

„Ковачевски и Османи ја капитулираа Македонија, францускиот предлог за влегување на бугарските барања во преговарачка рамка се чекор за бугаризација. Францускиот предлог буквално ги става бугарските барања во преговарачка рамка за Македонија на патот кон ЕУ. Тоа значи дека Македонија или ќе треба да се бугаризира на патот кон ЕУ или никогаш нема да стане членка на Унијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и Османи да одговорат како дозволиле бугарските барања да влезат во францускиот предлог, кој треба да биде рамката која се предвидува вклучување на бугарите во Уставот, негирање дека македонската нација постоела пред 1945, како и негирање на македонската јазична, историска и идентитетска посебност.

Дали и Ковачевски затоа се смееше кога беше претставен како иден премиер на Западна Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој ќе значи негирање на македонскиот јазик, идентитет и посебност. Допопнително нема да прифатиме внесување на бугарите во Уставот доколку немаме писмени гаранции од Софија и Брисел дека тоа ќе биде последно бугарско барање.

Затоа ја предупредуваме власта, да не помислува да прифати влегување на бугарските барања во рамката за ЕУ. Тоа ќе биде пораз за македонската дипломатија и национална катастрофа.

Премногу е, затоа повикуваме на протест утре во 20 часот пред влада. За промени! За подобра иднина!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ