(ВИДЕО) Лавров за Би-би-си: Велика Британија е на листата на земји непријателски настроени кон Русија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Би-би-си изјави дека Русија „не се срами да покаже која е“.

„Ние не ја нападнавме Украина, објавивме специјална воена операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин“, рече тој.

Велика Британија е на листата на земји непријателски настроени кон Русија.

„Мислам дека веќе нема ни простор за маневрирање за да се постигне напредок. Затоа што и премиерот Борис Џонсон и министерката Лиз Трус отворено велат дека Русија треба да биде поразена и да се натера да клекне. Па ајде, направете го тоа“, рече Лавров, додавајќи дека министерката минатиот месец рече дека Британија мора да се погрижи Путин да биде поразен.

На прашањето како гледа денес на Британија, Лавров рече: „Уште еднаш ги жртвува интересите на својот народ за политички амбиции“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија