Иследниците на ОН за воени злосторства сè уште не можат да стапат во контакт со Москва

Од:

Комисијата на ОН, формирана за истрага на можни воени злосторства во Украина сторени за време на руската инвазија, денеска соопшти дека сè уште не можела да стапи во контакт со Русија.

Ерик Мозе, кој ја предводи независната комисија, на прес-конференција за време на посетата на Киев изјави дека напорите за започнување дијалог со руската мисија во Женева „не биле успешни“, но дека комисијата ќе продолжи да се обидува да воспостави контакт.

Комисијата беше формирана од страна на Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ) со седиште во Женева за да ги истражи наводните прекршувања на човековите права и меѓународното хуманитарно право за време на инвазијата започната на 24 февруари.

Мозе рече дека е премногу рано да се разговара за деталите за доказите собрани во Киев, источните градови Харков и Суми и во Ирпин и Буча, каде што, според украинските наводи, Русија извршила големи злосторства.

Москва ги отфрла обвинувањата.

– Комисијата доби информации за произволно убивање цивили, уништување и грабеж на имот, како и напади врз цивилна инфраструктура, вклучително и училишта, во Буча и Ирпин, рече Мозе.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) отвори посебна истрага за наводните воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина.

Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина денеска соопшти дека обвинителот на МКС Карим Кан го посетил Харков за да ги прегледа доказите за воени злосторства.

Во првото судење за воени злосторства по руската инвазија, украинскиот суд минатиот месец осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на цивил.

Судот во самопрогласената Народна Република Доњецк минатата недела осуди двајца Британци и еден Мароканец на смрт поради „платенички активности“ со цел соборување на државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени