Три лица под истрага за одгледување на марихуана во Карбинци ​

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничените, во периодот на месец март и април 2022 година заедно, како повеќе лица, неовластено набавиле семенски материјал од растението ,,Cannabis sativa“ од непознати лица и го засадиле на нива во атарот на с.Карбинци, сопственост на првоосомничениот. Откако растението достигнало висина од 30-60 сантиметри, првоосомничениот на 9 јуни ги искосил растенијата и ги оставил на парцелата да се сушат.

Во текот на вчерашниот ден, првоосомничениот со трактор го обработил насадот, по што пристигнале и останатите осомничени за да ја утврдат состојбата со сушењето на марихуаната што неовластено заради производство и продажба на наркотична дрога ја одгледувале. Во полициската акција координирана од страна на предметниот јавен обвинител, осомничените се лишени од слобода, а на парцелата се пронајдени вкупно 15.415 стебла. При претрес на дом и други простории, во двор од куќата кај второосомничениот се пронајдени неовластено посадени и одгледувани 37 стебла марихуана. Воедно, при акцијата се пронајдени уште 690 стебла за кои по прибирањето на доказен материјал и по утврдувањето на сторителот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

За ова кривично дело на сторителите согласно одредбите од Кривичниот законик им е запретена казна затвор од најмалку пет години“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ