Столтенберг и група лидери на НАТО земји неформално ќе разговараат за Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе има неформална средба со група лидери на земји членки на НАТО, а ќе се разговара за војната во Украина и подготовките за самитот на НАТО во Шпанија, кон крајот на јуни.

Домаќини на неформалниот состанок ќе бидат холандскиот премиер Марк Руте и данската премиерка Мета Фредериксен, а ќе присуствуваат и романскиот претседател Клаус Јоханис и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.

Премиерот на Летонија, Кришјанис Каринш, денеска изјави дека очекува на средбата да се разговара и за зајакнување на источното крило на НАТО, особено за Естонија, Летонија и Литванија, кои сите граничат со Русија.

На состанокот му претходеа минатонеделните разговори во Букурешт меѓу девет членки на НАТО за зајакнување на безбедноста во источното крило.

-Мораме да бидеме сигурни дека НАТО е способен и подготвен ефикасно да одговори и да се прилагоди на заканите со кои се соочува. Алијансата мора да биде способна да ја брани секоја педа од својата територија, рече Јоханис по минатонеделниот состанок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели