Германскиот канцелар со критики до Лондон заради унилатерална примена на Протоколот за Северна Ирска од Брегзит

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги критикуваше плановите на Владата во Лондон за унилатерална примена на Протоколот за Северна Ирска од договорот за Брегзит.

„Се работи за несреќна одлука на британската Влада“, рече Шолц вчера по средбата со словачкиот премиер Едуард Хегер во Берлин.

„Тоа е отстапување од сите договори што ги постигнавме меѓу Европската унија и Велика Британија. И нема причина за тоа. ЕУ ќе реагира едногласно, со сите расположиви алатки“, рече канцеларот.

Властите на Велика Британија сакаат да ги укинат сите проверки на стоки договорени во Протоколот за Северна Ирска за заштита на единствениот европски пазар и да ги заменат со доброволен договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта