Финскиот претседател тврди дека Русија користи оружје за масовно уништување

Од:

Финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека двете страни во војната во Украина користат тешко оружје, додека Русија користи и термобарични бомби.

– Испраќаме сè потешко оружје во Украина. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби кои всушност се оружје за масовно уништување, рече Нинисто.

Украина и земјите од НАТО претходно ја обвинија Русија дека користи високо деструктивни термобарични бомби, познати и како вакуум бомби. Амнести интернешнал информира дека Русија користела забранети касетни бомби во Харков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина