(ВИДЕО) Томовски: Понижувањата се систем и начин на работа на власта на СДСМ

Од:

„Последниот скандал во низата понижувања на премиерот Ковачевски покажува дека понижувањата се систем и начин на однесување кога станува збор за власта на СДСМ. И скандалот со прифаќањето на провокацијата за ословување на Македонија како Западна Бугарија, не е прв испад на државниот врв. Однесувањето на подвиткана кичма кое го започна Зоран Заев успешно го продолжува Димитар Ковачевски“, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем предавствата и понижувањата е единствената работа која со успех ја прави оваа влада, наспроти поразите, инфлацијата и сиромаштијата.

Погледнете го ова видео како македонските премиери Заев и Ковачевски одобруваат дека македонскиот јазик бил бугарски, дека Македонија наводно била Западна Бугарија и како со омаловажување се однесува регионот кон луѓе без кичма како Ковачевски и Заев.

Кога Ковачевски без проблем прифаќа дека Македонија е Западна Бугарија можете да замислите што се прифаќа на зелена маса кога преговара со Бугарија.

Кога вака се однесува кога ја понижуваат државата и народот, можете да замислите што се прави кога нема камери.

Ковачевски е компромитиран и нема никаков кредибилет веќе да преговара со Бугарија. Тој прифати, се смее и не реагира на наводите дека Македонија била Западна Бугарија.

За нив ова е смеа а за македонскиот народ и граѓани патење и понижување.

Бараме итно Ковачевски да се тргне од преговорите со Бугарија бидејќи ја понижува државата, да си даде оставка и да се извини на граѓаните на Македонија поради огромниот скандал.

Со секој поминат ден Македонија го пробива дното со оваа власт. Толку од почитта, толку од меинстрим политичарите на СДСМ. Ваков блам не смее да биде премолчен“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО