„Шлаканица“ од НАТО за Украина: Секој мировен договор вклучува компромис, вклучително и територија

Од:

Секој мировен договор има своја цена, а Украина треба да одреди која, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој во неделата, по разговорите со финскиот претседател, рече дека целта на Алијансата е да ја зајакне позицијата на Украина за време на мировните преговори со Русија, но додаде една „болна реченица“.

„Секој мировен договор вклучува компромис, вклучително и територија“.

Тој потоа додаде дека Западот е подготвен да ја плати цената за воената помош на Украина и дека Киев ќе мора да направи компромис со Москва во таа смисла доколку сака конфликтот да заврши.

„Мирот е можен. Единственото прашање е каква цена сте спремни да платите? Колку територија, колку независност, колку суверенитет… дали сте подготвени да се жртвувате за мирот“, рече Столтенберг.

Сепак, тој не прецизираше какви компромиси треба да направи Украина, нагласувајќи дека „одлуката зависи од оние кои ќе платат највисока цена“, и дека за сето тоа време НАТО и неговите сојузници ќе продолжат да го положуваат оружјето, со цел „да си ја зајакнат раката кога на крајот ќе дојде до мировни преговори“, вели Раша тудеј.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка