Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска го критикуваше предлогот на поранешниот шеф на полската дипломатија, а сега пратеник во Европскиот парламент, Родослав Сикорски, за испорака на нуклеарно оружје на Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја цитираше изјавата на Сикорски на нејзиниот профил на Телеграм: „Русија го прекрши Меморандумот од Будимпешта и затоа Западот има право да донира нуклеарни боеви глави на Украина за да ја заштити нејзината независност“.

Таа потоа напиша дека полските политичари кои се под контрола на американскиот преносен појас, покажуваат екстремистичка идеологија, шират омраза, поттикнуваат конфликти и сега и се закануваат на планетата со кршење на режимот за неширење на нуклеарното оружје.

– Но, најважно е што го загрозуваат полскиот народ, кој се вовлекува во нуклеарната прераспределба на светот, заклучи Захарова.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива