Во понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди – аплицирањето ќе биде онлајн

Од:

Градот Скопје информира дека в понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

„На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај)  и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари“, соопшти Град Скопје.

„На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата  www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник.

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС