ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да ги продаде златните лажици од влада и парите да ги даде на народот кој осиромашува

Од:

„Ковачевски да ги продаде златните лажици од влада и парите да ги даде на народот кој осиромашува. Ковачевски во ек на најголема криза додека народот едвај си купува леб, купи златен прибор за јадење за во влада. Приборот кој владата го набави е 40 илјади евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со 40 илјади евра, наместо златен прибор, Ковачевски можел да купи едно амбулатно возило, но и да нахрани илјадници семејства.

Ковачевски не сака да се откаже од 50% од акцизата за горивата за да има повеќе пари во буџетот за крадење и трошење на луксуз.

СДСМ се одлепени од реалноста. Додека народот не знае како да преживее од први до први тие се луксузираат.

Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ