Прв случај на мајмунски сипаници во Грција

Од:

Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба.

Објаснуваат дека првичниот тест спроведен во Централната лабораторија за јавно здравје на ЕОДИ за „non-variola orthopox“, вклучително мајмунски сипаници, бил позитивен, а примероците биле испратени и во Лабораторијата за микробиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун за потврда на вирусот.

Во соопштението од ЕОДИ додаваат дека до 7 јуни се регистрирани вкупно 577 случаи во 18 европски земји, како и 437 случаи во 10 земји вон Европа и посочуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната