Четвртина летови на парискиот аеродром ќе бидат откажани поради штрајк

Од:

Дваесет и пет отсто летови утрд ќе бидат откажани на главниот париски аеродром, бидејќи работниците организираат штрајк за да бараат повисоки плати, соопшти аеродромскиот оператор АДП, што ќе предизвикува поголем хаос при патувањата во Европа.

Штрајкот доаѓа во време кога неколку европски аеродроми се мачеа да се справат со протокот на патници поради недостиг на персонал додека туристичката индустрија се враќа од пандемијата со Ковид-19.

Француските воздухопловни власти побараа од авиокомпаниите да го намалат бројот на летови во периодот од 7 до 14 часот в четвртокот на парискиот аеродром Шарл де Гол, соопшти денеска АДП .

Ер Франс, главната авиокомпанија, соопшти дека откажала 85 летови на кратки и средни дестинации в четвртокот, додека распоредот ќе се промени за подолгите линии.

Синдикатите на аеродромот ги повикаа работниците да се мобилизираат и да бараат зголемување на платите за 300 евра „без услови за сите“.

„И покрај обновувањето на воздушниот сообраќај и остварениот профит, нашата работа не се плаќа по објективна вредност“, се вели во заедничкото соопштение на синдикатите. „Сè расте, освен нашите плати.

Две години откако пандемијата серисоно ја погоди воздухопловната индустрија, предизвикувајќи тешки отпуштања, патувањата во Европа се враќаат бидејќи земјите ги укинаа ограничувањата.

Претседателот на АДП во април рече дека има 4.000 отворени позиции на аеродромите Орли и Шарл де Гол. Недостигот ги погоди и летовите во Лондон, Амстердам и Франкфурт во последните недели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток