(ВИДЕО) Пресуда за „Талир 2“: Груевски доби уште шест години затвор, Божиновски со условна казна, се бара конфискација на белиот дворец сосе килими и лустери

Од:

Петар Клинчарски

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски доби затворска казна од 6 години затвор, додека поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски, доби условна затворска казна од две години ако во рок од пет години не стори ново кривично дело за случајот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на партиското седиште на партијата, познато како „Белата палата“.

Според судската пресуда, и двајцата ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“.

Од јули 2012 година до јануари 2013 година, како претседател Груевски иако знаел дека партијата е непрофитна организација, спротивно на Закон за финансирање на политички партија донел одлука да се најде инвеститор да изгради објект според неговите желби и барања, а Божиновски постапувајќи по неговите насоки, за изградба на партиското седиште. Во тоа време, фирмата „АД Бетон“ веќе имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, што пак е спротивно за повеќе закони.

Со ваквата постапка, тие противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Од тие пари, пак, подоцна е купуван недвижен имот низ Македонија на име на партијата и тоа во Берово, Кавадарци, Велес, Кисела вода, Виница, Радовиш, Штип и други градови. Судот предлага конфискација и на партиското седиште во Центар и на имотот низ државата.

Во соопштението на судската пресуда се вели дека деталната анализа на материјалите докази упатува на тоа дека одлуките донесени од органите на партијата даваат само привидна форма на законска постапка, иако претходно веќе сите работи веќе биле договорени со „АД Бетон“.

 

Би можело да ве интересира

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Ѓуровски

Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

А1он

Николовска: Можело да се конфискува и личен имот на обвинетите, надвор од правна логика е да се конфискува целиот имот на партијата

Маја Илиевска-Пачемска

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 8 април

Ана Ололовска