Стоилковски: 215.000 помалку работници заради лагите на СДСМ и ДУИ

Од:

„Со денови молчи власта, молчи и државната статистика како е можен таков егзодус на работна сила со која што Македонија во два квартали, за неполна половина година да загуби 215.000 работоспособни луѓе? Со цел да ја прикажеме вистинската слика што значат 215 илјади луѓе загубени, тоа е како да тргнете по автопатот од влез во Македонија на граничен премин Табановце и се до излез од Македонија по автопатот на граничниот премин Богородица, и безмалку низ сите општини што минувате да нема ниту еден жител, ниту еден човек. Празни општини, празни градови! Тоа го покажува Државниот завод за статистика дека според оваа математика 215.000 луѓе е празно Куманово, празен Велес, празно Градско, Неготино, Демир Капија, празна Гевгелија“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„215.000 помалку луѓе, работоспособна сила, е погром за македонската економија. Тоа не може да е статистичка грешка, или калибрирање како што наведуваат. Ова се податоците од Државната статистика. 104 илјади од овие 215.000 биле вработени, така се водени до крајот на 2021, како вработени, а сега ги нема! Ова почитувани, е резултат на девастирачките политики на СДСМ/ДУИ за економијата, политики со притисок врз приватниот сектор, политики со полнење на јавната администрација, политики за затворање наместо отворање работни места. Политики на лага кон земјоделците, политика на лага кон стопанствениците, лага кон работниците дека ќе им биде вреднуван нивниот труд!

215.000 лица помалку значат 215.000 помалку уплати во здравството, во пензискиот фонд, данокот којшто СДСМ/ДУИ го цедат на луксузи. На 18-ти јуни заедно мора да кажеме Премногу е! Приклучете се на протестот за промени пред Владата на 18-ти јуни во 20 часот!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО