Извезени се првите количини винско грозје од Тиквешијата. Како што изјави претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци Љупчо Аризанов, преку 20 тони од сортата „шардоне“ се пласираат во Албанија.
– Извозната цена за еден килограм е околу 16 денари. Интересот за извоз на македонско винско грозје е голем, а лозарите кои го продаваат грозјето на прекупувачи за извоз, парите ги добиваат веднаш, рече Аризанов.
Според него, покрај неколкуте нови винарски визби кои годинава прв пат ќе откупуваат грозје, се очекува и интересот за извоз да ја зголеми конкуренцијата.