Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека реализацијата на проектот Отворен Балкан е од витално значење и подразбира имплементација на четирите основни европски слободи на Западен Балкан – движење на стоки, луѓе, капитал и услуги.
Изјавата ја даде во пресрет на вечерашното отворање на дводневниот самит на членки на Отворен Балкан во Охрид,
-Овие четири слободи на движење се она што е од витално значење за нас, она што е од витално значење за безбедноста во овој регион и што е важно за мирот и решавањето на конфликтите во овој дел од Европа“, истакна премиерот на Албанија.
Рама посебно се осврна на поврзувањето на регионот со помош на проектот „Син коридор“.
„Проектот „Син коридор“ има за цел да го поврзе Балканот од најсеверниот дел на Хрватска со Грција, што поминува низ Албанија“, рече тој.
Тој нагласи дека за проектот е потребна помош од Европската Унија, пред се Црна Гора, бидејќи, како што посочи, ако црногорскиот сегмент остане недоволно развиен, тогаш „се губи дел од овој коридор“.
Извор: МИА