Пакистан се подготвува за нов топлотен бран во услови на растечка загриженост од климатските промени

Од:

Пакистан денеска ги стави спасувачките служби во состојба на зголемена готовност откако уште еден топлотен бран ја погоди јужноазиската нација, јави ДПА.

Третиот топлотен бран ова лето ќе доведе до зголемување на дневните температури до 50 степени Целзиусови во некои делови од земјата, соопшти метролошкиот оддел.

Одделенијата за управување со катастрофи формираа итни клиники за лекување на жртвите од топлотен удар, а службите за брза помош ставени се во состојба на готовност за можни итни случаи.

На луѓето им е препорачано да избегнуваат изложување на сонце и да останат во затворени простории, се вели во соопштението на Националната управа за управување со катастрофи.

Повеќето делови на Пакистан и соседна Индија се соочија со силни топлотни бранови од март, што резултираше со смртни случаи, недостиг на вода и уништување на земјоделски посеви.

Експертите наведуваат дека топлотните бранови во Јужна Азија се последица од климатските промени.

Пакистанската министерка за климатски промени, Шери Реман, соопшти дека мај бил најтоплиот месец во земјата во повеќе од 60 години.

– Тековната климатска криза го натера Пакистан да стане една од првите пет земји во светот кои се соочуваат со недостиг на вода, рече министерката. – Се соочуваме со егзистенцијална закана од климатските промени, додаде таа.

Јужноазиската држава е рангирана на осмото место на листата на земји најранливи на климатските промени и покрај помалку од 1 отсто придонес во глобалните емисии на јаглерод.

Научниците посочуваат дека ранливоста се должи на близината на земјата до високо индустријализираните Кина и Индија и брзото топење на глечерите на Хималаите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски