Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Боцан-Карченко, кој го информирал за причините за откажувањето на посетата на Сергеј Лавров на Белград. Вучиќ информираше за средбата на социјалните мрежи велјеќи дека ќе соопшти детали вечер во гостувањето во дневникот на РТС.
Рускиот амбасадор донел и документи кои како што вели српскиот претседател ги потврдуваат причините за откажувањето на посетата.
Сергеј Лавров денеска требаше да дојде во Србија, а според информациите кои се појавија во медиумите, причината за неговото отсуство е тоа што Бугарија, Црна Гора и Македонија ги забранија летовите над тие земји.