Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје.
– Сакам да ви се заблагодарам за вашата работа, за вашата служба, за тоа што нè штитите нас и нашата држава, истакна Зеленски, а потоа следуваше минута молк за загинатите војници.
Пред извесен период, Зеленски беше во посета на украинските сили во Харков. тоа беше прва објавена снимка од украинскиот претседател надвор од Киев од почетокот на ивазијата.
Од кабинетот на Зеленски инфомираа и дека тој посетил медицинска установа во областа и зборувал со лица принудени да го напуштат својот дом, вклучувајќи ги и оние од Мариупол, што сега е во руски раце, откако со недели беше под опсада.
Тој ветил дека ќе направи сè за да им се најде удобно сместување на сите раселени луѓе.