Рафаел Надал ја продолжи рекордната шампионска серија на Ролан Гарос откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3-0 во сетови 6:3, 6:3, 6:0. Со оваа победа Надал им „побегна“ на своите конкуренти Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, со освоени 22 грен-слем титули во кариерата.
Швајцарецот и Србинот имаат по 20. Федерер не играше во Париз, а Ѓоковиќ беше елиминиран од Надал во четврт-финалето.
23-годишниот норвешки тенисер Руд е првиот грен-слем финалист од неговата земја. Против Надал не играл никогаш пред финалето на Ролан Гарос. Тој од утре ќе биде на шестото место на АТП листата.
На патот до финалето, Надал речиси без борба ја мина полуфиналната пресметка откако Александер Зверев се повреди во текот на третиот сет, додека Руд со 3:1 во сетови беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ.