Марк Гилберт и неговата сопруга, кои живеат во Хјустон (Тексас) доживеаа шок кога непознат маж го хакирал мониторот за бебе во детската соба, почнал да ги навредува и дури му се обратил на двегодишното девојче по име.
Додека ги миел садовите после прославата од неговиот роденден, Марк слушнал невообичаени звуци од собата на неговата двегодишна ќерка Алисон. Се вџашил кога сфатил дека тие доаѓаат од мониторот за бебе – непознат глас го навредувал девојчето, ословувајќи го по име и нарекуваќи ја „проклет морон“ и „мала ороспија“.
Хакерот потоа почнал да хистерично да вика кон Марк и неговата сопруга, упатувајќи на нивна сметка низа навреди.
Алисон е глува и носи кохлеарен имплант, но тој бил исклучен, па за среќа, не го регистрирала нападот.
Марк се вознемирил кога видел дека дури ги следи камера.
– Во тој момент отидов до апаратот, го исклучив и се обидов да сфатам што се случува, раскажа тој за Еј-Би-Си Њјуз.
Заклучил дека натрапникот го хакирал неговиот куќен интернет рутер, со што му станал достапен и мониторот за бебе.
– Не можев да го видам. Можев само да го слушам гласот, а тој управуваше со камерата.
Се чувствував дека некој ни провалил во куќата.
Многу е веројатно дека ова трае повеќе од еден ден. Мислам дека веќе никогаш нема да користам монитор, раскажа Марк.