Николоски: Заев и Ковачевски и направија непоправлива штета на Македонија, потпишаа договор со Бугарија во кој пишува дека имаме заедничка историја

Од:

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше прашан за резолуцијата на ЕПП за која што СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала, а со истата се рушат позициите на Македонија.

„Па, два коментари сакам да дадам тука, прво за жал порано се боревме со лажни вести на дел медиуми кои што повеќе беа во т.н. жолта штампа отколку сериозни медиуми. А, сега создавачи на лажни вести за жал се владејачките политички партии. Зборуваат за резолуција која што ниту ја прочитале, ниту ја виделе, ниту ја презентирале во јавноста. На пример во таа резолуција пишува и за создавањето на лажни вести, веројатно треба тој пасус малце подобро да го прочитаат“, истакна Николоски при одговарање на новинарско прашање.

Тој додаде дека во таа резолуција јасно пишува дека СДСМ ги злоупотребува судството и обвинителството за да врши прогон на политички неистомисленици.

„Мислам дека главен проблем на СДСМ во таа резолуција е што јасно пишува дека ги злоупотребуваат судството и обвинителството со цел да вршат политички прогон на политичките неистомисленици, пред се од ВМРО-ДПМНЕ, со што се потврдуваат сите наши тези дека во Македонија се води политички прогон. А, дополнително на тоа еве и уште еден коментар, мислам дека е смешно по малце и иронично СДСМ да зборува за патриотизам. Значи СДСМ, Ковачевски и Заев да зборуваат за патриотизам, луѓето кои што го потпишаа Преспанскиот договор, кои што потпишаа договор со Бојко Борисов, луѓето кои што променија Устав со цел промена на уставното име, кои што воведоа двојазичност во Македонија. И луѓе кои што потпишаа договор со Бугарија во кој што пишува дека имаме заедничка историја со Бугарија, а сите знаеме дека не е така, луѓето кои што ги рушат темелите на Македонија и прават непоправливи штети на Македонија и пред се за македонскиот народ како доминантен народ во Македонија, да зборуваат за патриотизам мислам дека е под секое достоинство и под секое ниво“, нагласи Николоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО