Уапсен косовски Србин осомничен за воени злосторства

Од:

Полицијата на Косово соопшти дека уапсила лице од српска националност, осомничено за воени злосторства врз цивилното население извршени во војната во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека осомничениот, со иницијали Ч. Ј., е уапсен вчера во селото Ѓураковац во општина Исток.

– По извршени истражни дејствија од страна на Единицата за истражување на воените злосторства, идентификувано е и уапсено машко лице од српска националност поради воени злосторства извршени врз цивилното население на Косово во периодот од 1998 до 1999 година. Со одлука на обвинител му е одреден притвор, се вели во соопштението на полицијата.

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај изјави за „Коха.нет“ дека се работи за лице од Исток, родено 1968 година.

Според Исуфај, лицето се сомничи за извршени злосторства во околината на градот Пеќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица