Израелски војници убиле двајца Палестинци на Западниот Брег

Од:

Израелските сили денеска убија еден Палестинец за време на конфликтот на окупираниот Западен Брег и еден во близина на граничната бариера подигната кон таа палестинска територија.

Вкупно четворица Палестинци се убиени во последните два дена во услови на зголемени тензии меѓу двете нации.

Денеска прво е убиен Ајман Мхајсен (29) во бегалски камп во Витлеем, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во военото соопштение се вели дека војниците отвориле оган врз Палестинци кои фрлале камења и импровизирани бомби.

Министерството за здравство подоцна соопшти дека загинало и 17-годишно момче западно од Рамала, седиштето на палестинската управа.

Израелската војска не одговори на барањата за коментар за убиството, а официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека е убиен Ауда Садака.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас ослободи уште тројца израелски заложници

Катерина Ѓуровски

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски