Мустафа: Курти и Османи не треба да комуницираат со косовските Срби преку специјалците

Од:

Поранешниот косовски премиер и доскорешен лидер на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Иса Мустафа вели дека актуелните државни челници на Косово, премиерот Албин Курти и претседателката на државата, Вјоса Османи, „одбрале погрешен начин“ за комуницирање со припадниците на српското малцинство во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Мустафа, грешката на Курти и Османи е дека со косовските Срби решиле „да комуницираат преку специјалните единици“ на полицијата на Косово.

– Би требло да се вложат напори да се комуницира преку институции и граѓани на северот. И не само таму, туку и во општините во внатрешноста на земјата каде што има Срби. Со јазикот, дискурсот и методите со кои се служат претседателката и премиерот не гледам можност дека тоа може да се случи. Одбрале погрешен начин, со Србите да комуницираат преку специјалните единици, изјави Мустафа за порталот „Фронт онлајн“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица