По седумнеделното судење меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кое многумина го нарекоа судење на деценијата, конечно беше донесена пресуда.
На поротата и требаше повеќе време. Судот пресуди дека Амбер Херд е виновна, а Џони Деп го доби процесот.
Поранешниот холивудски пар размени сериозни обвинувања за време на судењето – и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.
Процесот привлече големо внимание кај светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на навивачите од двете страни.
Амбер Херд објави напис во Вашингтон пост во 2018 година со наслов „Зборував за сексуално насилство – и се соочив со гневот на нашата култура“. Поради тој напис, адвокатите на Деп се обидоа да докажат дека актерот настрадал поради погрешната слика за него како насилник и поради што изгубил бројни актерски ангажмани.