Блинкен очекува војната во Украина да трае уште многу месеци

Од:

Војната што Русија ја води во Украина ќе трае уште „многу месеци“, оцени денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Тоа би можело да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но ние не гледаме никаков знак во таа насока во оваа фаза…се уште гледаме конфликт што ќе трае многу месеци, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон.

– Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји, додаде Бликен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции“ на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.

– Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Да бидеме јасни: најдобар начин да се избегне ескалација е Русија да стави крај на агресијата и војната што ја започна, изјави Блинкен на новинарите како одговор на критиките на Москва за новата американска испорака на оружје до Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа

Блинкен е под притисок да ја прекине помошта за Авганистан