Шкода објави официјални фотографии и детали од освежениот модел Јети, што ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт.
Највпечатливи се промените во предниот дел на возилото, каде маската и логото на ладилникот се во согласност со најновата генерација модели на Шкода, како што се Рапид и Октавија 3.
Шкода Јети 2014 има нови би-ксенон светла и дневни ЛЕД светла.
Новата генерација на Јети ќе биде понудена во две стилски различни верзии, една за теренско возење надвор од град и друга првенствено наменета за урбан стил на возење.
Достапни ќе бидат три бензински мотори и четири дизел мотори, чија моќност ќе се движи од 105 коњски сили во 1,2 ТСИ моделот до 170 коњски сили во моделот со 2,0 литарски ТДИ дизел мотор.
Силата ќе се пренесува преку шестстепен мануелен менувач или седумстепен автоматски ДГС менувач.
Најштедлив е ГринЛајн моделот опремен со 1,6 литарски ТДИ мотор со 105 коњски сили и погон на предните тркала. Во комбинација со мануелен менувач овој модел има потрошувачка од 4,6 литри на 100 километри и емисија на штетени гасови од 119 грама на километар.