САД остро го осудуваат насилството во Египет, повикуваат да биде укината вонредната состојба во земјата колку што е можно поскоро и сите страни во конфликтот да изнајдат политичко решение, изјави денеска државниот секретар на САД Џон Кери откако најмалку 149 лица беа убиени во Египет.
– Денешните настани се сериозен удар врз процесот на национално помирување во арапската земја, рече Кери.
Тој ги повика Еѓипќаните да ја смират ситуацијата и да избегнат нови крвопролевања.