(ВИДЕО) Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески

Од:

„Ова е документот – официјален извештај од проф. др. Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година, помеѓу него и министерството за одбрана“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој документ кој го потпишал проф. Ристески, а подоцна ја потврди и неговата автентичност и содржина тој со овој документ Министерството за одбрана го известува за сите негови партиски активности кои ги извршил, а кои како што самиот пишал доаѓаат како обврска од неговиот договор со Министерството.

Проф. д-р Темелко Ристески, кој сите ние граѓаните на Македонија преку буџетот го плаќаат граѓаните да дава експертско мислење и помош на Министерството за одбрана, ја следел кампањата за време на парламентарните избори 2020 година.

Тој како што наведува во Извештајот напишал и 10 објави на фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ.

Овој Извештај, заедно со признанието од страна на проф. др. Темелко Ристески е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него, и против неговите претпоставените во МО, но и против владата на Димитар Ковачевски која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

Оттука се поставува и прашањето, уште колку примери како овој постојат во институциите, и уште колку вакви професори ангажирани, наводни експерти работат за следење на кампањи и објавување на фејсбук, уште колку наводни експерти работат за СДСМ и ДУИ, а земаат пари од буџетот?

Очекуваме покрај враќање на парите од буџетот кои биле искористени за плаќање на партиски активности, да има и кривична одговорност, но и политичка за сите инволвирани во случајот“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски