Нигериската војска денеска соопшти дека го убила човекот „број два“ на исламистичката група „Боко Харам“ при одговор на бунтовнички напад на почетокот на август.
Во градот Бама на 4 август во терористички напад на групата Боко Харам е убиен Момоду Бама, соопшти нигериската армија.
Во судирите со армијата, истиот ден кога е убиен Бама се убиени и 17 екстремисти.
Бама бил заменик на шефот на групата Боко Харам, Абубакар Шекуа, кого САД го прогласија за терорист.
Од 2009 година во бунтовнички насилства животот го загубија околу 3.600 лица.
Во Нигерија има околу 160 милиони жители строго поделени на муслиманско население во северниот дел и христијани во јужниот дел на земјата.