(ВИДЕО) Јанчева: После 7 месеци неработа, Арсовска се докажа како најнеуспешниот градоначалник на Скопје

Од:

„Жителите на Скопје секојдневно сведочат за неспособноста на Данела Арсовска, која нанесува штета за Град Скопје. Последен пример за неспособност е оставањето на Противпожарната бригада на резерви со гориво, со што се загрозува нормалното функционирање на овој важен сервис за заштита“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Претходно, Арсовска ја остави градската администрација без печатачи, а неколку дена цела општина беше оставена без автобуски превоз, затоа што Град Скопје не им плаќаше на приватните превозници.

Арсовска го назначи Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје, иако тој е актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир.

Овој случај го истражува и Државната комисија за спречување на корупцијата.

За седум месеци Арсовска не само што нема реализирано ниту еден свој проект туку прекина неколку важни проекти наследени од нејзиниот претходник, меѓу кои, најважен секако беше Бас рапид транзит за кои беа обезбедени 70 милиони евра од Европска банка.

Нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови, ниту ѓубрето не се собира навремено, а постојано никнуваат и нови диви депонии.

Седум месеци изминуваат од мандатот на Арсовска и во овој период од неа видовме како прекинува проекти, ја партизира администрацијата, бега од соочување со советниците од опозицијата и од прашања од новинарите.

Со сето тоа неработење и сета таа неспособност Арсовска се докажа како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и едно од најголемите разочарувања за граѓаните, чија доверба ја изневери“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС